09.08.2022
Почетна / Градина / Вести / Расадник во Росоман располага со 20.000 садници на органски бадем. Еве кои сорти можете да ги набавите!

Расадник во Росоман располага со 20.000 садници на органски бадем. Еве кои сорти можете да ги набавите!

Друштвото Дарион од село Крушевица, Росоман располага со околу 20.000 садници органски бадем од сортите Ферањез, Тексас и Троито. Бадемовиот расад е калемен на подлога од горчлив бадем која што овозможува најдобар развој на садникот и е отпорен на многу штетници што го напаѓаат кореновиот систем кај коскестите овошки како што е жилогризот. Подлогата и калемот се земени од сопствениот бадемов насад кој е регистриран и сертифициран за органско производство. Една од предностите на овој расад во однос на увозните е избегнување на траумите што ги претрпуваат садниците од сушење на кореновиот систем и промената на климатското подрачје. Овие влијанија би го намалиле процентот на успешна зафатеност и го забавува почетниот развој на растението. Подоле во текстот се наведени карактеристиките на сортите што се застапени во овој расадник.

За повеќе информации и заинтересираност за набавка на бадемов расад можете да ги контактирате на е-маил: rzlatevski@yahoo.com или телефонскиот број 075/669-001.

Ферањез – Овошката е бујна и мошне родна. Плодот е долгнавест, крупен со маса околу 4,5 грама. Лушпата е мазна, дебела, цврста со светло костенлива боја. Јатките се крупни со маса околу 1,68 грама, издолжени со светло костенлива боја, вкусни, квалитетни со рандман од 39%. Оваа сорта поради големината на плодот е многу ценета за свежа консумација но и слаткарската индустрија. Во многу земји се смета како најдобра сорта за производство.

Цвета доцна за неа најдобри опрашувачи се сортите Тексас, Троито, туоно .

Плодовите зреат во првата половина на септември.

Подлога – Горчлив бадем

Тексас – Овошката е средно вујна, со пирамидална круна, со средна родност. Цвета средно доцна. Плодот има правилна округло – елипсовидна форма, со тежина до 3 грама. Лушпата е мазна, со светло кафеава боја, полутврда. Јатката е релативно ситна, со овална форма, рандманот изнесува 40-45%. Јатката е со маса околу 1,4 грама и има благо нагорчлив вкус со добар квалитет. Во плодовите има случаеви од околу 30% каде што се јавуваат дупли јатки.

Цвета средно доцна, неколку дена пред сортата ферањез

Се смета за добар опрашувач за двете водечки сорти.

Плодовите созреваат доцна, при крајот на септември.

Подлога – Горчлив бадем

Троито – Италијанска сорта на бадем во која во голем процент е самооплодна, слабо бујна овошка, која рано и редовно плодоноси. Плодот има куса бадемаста форма, со поголема ширина, доста надуен по што лесно се распознава. Плодот е тежок околу 4 грама со тежина на јатката што изнесува околу 1.1 грам. Рандманот на оваа сорта е околу 25%

Цвета средно доцна.

Плодовите созреваат доцна, при крајот на септември

Подлога – Горчлив бадем

   Бадемот се смета за овошен вид кој успева на суви и варовити почви. Тој е типичен калцифит. Бадемот успева и на каменливи но и длабоки почви. Во вакви услови бадемот развива корени и на поголема длабочина од каде што се снабдува со вода. На премногу плитки почви бадемот не обезбедува добар принос и кавалитет на плодовите, особено ако нема доволна примена на агротехнички мерки. Општо земено бадемот може да користи почви слични на лозата и затоа често оди заедно со лозата. За интензивно одгледување на насадите и постигање на високи приноси треба да се применуваат интензивни агро и помотехнички мерки. Во интензивни насади задолжителни се наводнувањето, ѓубрењето но и резидба и заштита на овошките. Во вакви насади се обезбедуваат високи приноси од јатки и до 2 т/ха

Бадемот со цветање започнува штом средно дневните температури ке се покачат над 6°C. Поради опасноста од измрзнување од доцните пролетни мразови при подигањето на насадите особено треба да се внимава на времето на цветањето на сортите но и на изборот на локацијата.

Од истата причина се избрани трите сорти Ферањез, Тексас кои цветаат подоцна за разлика од другите сорти на бадем и се најдобра комбинација за меѓусебно опрашување и добивање на најдобри приноси.

Штетите во нашите региони се поретки и со многу помал интензитет во последните неколку години најмногу поради климатските промени што мораат да се земат во предвид при подигање на долгогодишен насад како бадемот со што се зголемува и атрактивноста на подигање на бадемови насади.

Види

Рибата која има проѕирна глава

Длабоко во морето постојат риби кои имаат проѕирна глава наречени „Macropinna microstoma“. На неа, се …