Останато: Собирањето за хербариумски збирки и ботанички бавчи представува еден од најзначајните фактори на загрозување. Ставена е во списокот на ретки, загрозени ендемични растенија во Европа, и со закон е заштитена како природна реткост. Како терцијарен реликт и ендемит е една од неколкуте врсти на тропско-суптропска фамилија на тлото на Европа. Често се зема како пример на жив фосил на балканска и европска флора. Флорогенетски укажува на тропска, веројатно афричка врста на балканската флора за време терцијерот.
Легенда: За неа е поврзана една необична и ретка појава, дури и ако се исуши поптполно, може да оживее, повторно кога ќе има доволно влага. Веројатно благодарение на оваа особина, рамондите го преживеале дури и последното ледено доба. Симбол е на Денот на примирјето – 11ти ноември на војниците од Првата светска војна на балканот како цвеќе феникс. На падините на Солунска глава регистрирана е рамонда со бел цвет.
IUCN WORLD RED LIST of threatened Plant species
(Walter & Gillet, 1998)
Здружение на граѓани “KINGMARKOLAND” Скопје, www.kralemarko.org.mk, www.kingmarkoland.com