Почетна / Градина / Вести / Работа на пчеларникот во месец декември

Работа на пчеларникот во месец декември

Декември е последен месец во календарската година, а во пчеларската година е петти месец, што кажува дека сме изминале близу половина пчеларска година. Овој месец е типично зимски месец – температурите најчесто се негативни. Пчелите во овој месец не трошат многу мед (околу еден килограм за целиот месец).

Понекогаш во декември можат да се појават поврзани десетина топли денови кои ќе ја испровоцираат матицата и пчелите, па ќе се појави легло. Тоа покажува дека инстинктот за размножување проработил многу рано.

По таквите топли денови кај нас најчесто следуваат драстично студени денови кои ќе продолжат и во јануари.Зимското клубе во тие драстично студени денови се собира уште повеќе, а со тоа може да се оголи дел од леглото, па угинува и повеќе не е жива материја. Такво изумрено легло е идеална средина за развивање на гнилежи и бактерии од разни заболувања. Пчелите често пати се обидуваат некако да го изедат тоа веќе изумрено легло, а тоа содржи многу токсични материи кои на тој начин преминуваат во организмот на пчелите.

Во последно време во многу пчеларски списанија се среќава податокот дека некои пчелни друштва, односно нивните матици, не престануваат со несење во зимскиот период. Оваа невообичаена појава за нашата раса на пчели (мариовската) се смета дека доаѓа од мелезење со други раси на пчели. Многу од вака измелезените пчелни друштва се послаби или средни и изумираат уште во декември или јануари. Ова покажува дека вкрстувањето при оплодување на нашите матици доведува до губење на зимската отпорност, а тоа е многу изразено при постудени зими. Невидливи причини за зимската смрт на друштвата:

Види

Викенд временска прогноза: Какво време не очекува?!

Над средоземјето започна формирањето на новата ЦИКЛОНСКА активност, што е веќе на пат кон подрачјето …