Почетна / Градина / Вести / Птиците се многу важни членови на секој еко систем: Изработка на хранилка за птици

Птиците се многу важни членови на секој еко систем: Изработка на хранилка за птици

Чекор 4:

Следен чекор е да се отворат отворите на долниот дел од преполовеното шише (ја корисиме половината со капачето). Отворете три правоаголни отвор на самото дно од шишето со широчина од 2 см и височина која не е поголема од длабочината на чинијата која ќе ја користите.

Чекор 5:

Земете го капачето и со помош на скалперот издлабете отвор во центарот, потоа протнете го конопот и врзенте јазол од внатрешната страна на капачето.

Чекор 6:

Со пластичен силикон или друг вид на лепило прицврстете го шишето на дното од чинијата.

Чекор 7:

Одвртете го капачето и со помош на инка наполнете го шишето со храна за птици која може да ја купите во секоја продавница за миленичиња или земјоделска аптека.

За крај не ви останува ништо друго освен да ја поставите хранилката на најблиското дрво од вашата градина и од прозорец да ги набљудувате птиците кои ќе доаѓаат и ќе се хранат на вашата хранилка.

Вие ќе се чувствувате исполнето знаејќи дека сте направиле нешто хумано и сте помогнале на птиците полесно да ја поминат зимата за во пролет тие да ви се збалгодараaт со нивната прекрасна песна.

Автор: Шарески Сашо

Види

Чудо: Рибарот спасил бела ајкула долга 6 метри : Погледнете како таа му се заблагодарува секој ден (Видео)

Арнолд Поинтер редовно лови покрај брегот на Јужна Австралија. Пред неколку години, тој забележал огромна …