05.07.2022
Почетна / Градина / Вести / ПРВОТО КОЕ ТРЕБА ДА ГО НАПРАВИТЕ АКО ВЕ касне змија: Еве како да ги чувате подалеку од вашата куќа!

ПРВОТО КОЕ ТРЕБА ДА ГО НАПРАВИТЕ АКО ВЕ касне змија: Еве како да ги чувате подалеку од вашата куќа!

Третман на рани

Ако змијата не е отровна, раната треба да се исплакне со многу вода, да се размачка со антибиотска маст и да се завитка во завој. Потребно е да се провери кога лицето последен пат било вакцинирано против тетанус, па ако поминале повеќе од 5 години, потребно е да се повтори вакцината.

Кога постои сомневање за отровна змија, каснатото лице мора строго да се одмори, т.е. треба да се избегнува и најмало движење, а раката или ногата на која се наоѓа раната од каснување треба да бидат имобилизирани.

Потребно е итно да се пренесе каснатото лице во болница.

Обично, жртвите од каснување од змија се хоспитализирани, без оглед дали змијата е отровна или не.

Противотровот за каснување од змија се дава исклучиво интравенски во болнички услови, и само кога е строго индициран, бидејќи самиот серум може да предизвика сериозни, па дури и опасни реакции по живот.

Види

На која позиција треба да бидaт цвеќињата поставени во домот

Саксиите со цвеќе секогаш треба да бидат сместени во простории каде ќе имаат поволни услови …