25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / ПРВ ЦРВЕН ДРВОРЕД ВО СКОПЈЕ НА БУЛЕВАРОТ 8.СЕПТЕМВРИ

ПРВ ЦРВЕН ДРВОРЕД ВО СКОПЈЕ НА БУЛЕВАРОТ 8.СЕПТЕМВРИ

Нов дрворед со околу 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести растенија со црвени листови деновиве е формиран по должината на булеварот 8.Септември, во есенската акција на Град Скопје за раззеленување на јавните површини.

  • Со големо задоволство на Скопје и на скопјани им го претставувам најдолгиот дрворед кој што го засадивме оваа година, овде на булеварот 8.Септември, чија што реконструкција се одвиваше и заврши оваа есен. Станува збор за дрворед од повеќе од 100 листопадни дрвја и повеќе од 1.100 нискостеблести садници од 11 различни видови кои во различни периоди од годината имаат црвени листови. Ова се новите стандарди кои интензивно ги воспоставуваме во нашиот град, а тоа се одвоени пешачки и велосипедски патеки со зеленило меѓу нив, тоа се сериозно видливи промени кои се случуваат на територијата на нашиот град, тоа се стандардите за кои јас се залагам и кои чекор по чекор стануваат секојдневие кај нас. Скопје станува една многу поинаква приказна од тоа што беше во минатото, а граѓаните можат да ја видат таа разлика. Многу сум благодарен за фидбекот што го имаме од граѓаните, за задоволството што го искажуваат од воведувањето на овие современи европски стандарди – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

На промоцијата на новоформираниот дрворед на булеварот 8.Септември присуствуваше и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча.

Градот Скопје ги потсетува родителите кои имаат новороденчиња, да ја искористат можноста која им ја нуди проектот „Дрво за секое дете“, да се пријават и да добијат дрво кое ќе го носи името на нивното новороденче.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …