Почетна / Градина / Прстите ќе ги излижете: Прилепско макало од компири со суви пиперки и лук

Прстите ќе ги излижете: Прилепско макало од компири со суви пиперки и лук

Прилепско макало од компири со суви пиперки и лук

1. Се мијат компирите и пиперките и заедно се варат во тенџере.
2. Откако убаво ќе се сварат се оставаат малце да се изладат.
3. Во лучница се толчи лукот со малце сол.
4. На пиперките со вилушка или лажица им се вади месото, а лушпата и семето се отстранува. Со вилушка се гмечи за се иситни месестиот дел од пиперката.

5. Компирите се лупат и еден по еден се толчат во лучницата за да нема грутчиња.
6. На вака истолчените компири се додаваат изгмечените пиперки и повторно се толчи.
7. На смесата се додава врела вода
8. Кога ќе се изедначи смесата да не биде многу густа ни многу течна се потура со загреано масло и повторно убаво се измешува.

На здравје!

Извор: мои рецепти

Види

Градини за мал простор: идеи како да имате мала, убава градина (Фото)

На фотографиите подолу можете да видите дека не вие потребна површина за да имате убава …