Почетна / Градина / Лек / Проверени рецепти за срцеви проблеми

Проверени рецепти за срцеви проблеми

Срцевата невроза претставува состојба во која не се откриваат физички оштетувања на срцето, а постојат поплаки од страна на пациентот. Причина за срцева невроза се сите фактори кои ја предизвикуваат и нормалната невроза.

Најголема фреквенција на случаи на оваа болест се забележува за време на пубертетот, климакс, бременоста, кај болести на хипофизата и тироидната жлезда. Веројатни фактори се и пушењето, злоупотреба на алкохол и лекови, интоксикација, неухранетост, ментална преумореност.

Растенијата кои можат да помогнат при оваа дијагноза, се дилјанка, мента, глог, мелиса и мајчина душица. Еве неколку докажани растителни рецепти, од кои можете да изберете за лекување на невроза:

100 г цвет со лист од глог 30 г дилјанка 40 г нане. 1 лажица од смесата се става во 250 мл врела вода. Кисне 1 час и се цеди. Се пие 3 пати на ден по 1 чашка од кафе пред јадење.

500 г мед, 500 г кора од лимони, 200 г бадемови јатки. Тие се мешаат и 1 лажица од направената мешавина се зема 3 пати на ден.

30 г дилјанка, 30 г глог, 30 г мелиса, 30 г маштерка. Растенијата се мешаат и 1 лажица од нив се става во 500 мл врела вода. Кисне 1 час и се цеди. Се пие по 1 чашка, 4 пати на ден пред јадење.

Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт

Види

Ослабев 10 кг без вежбање, a го пиев само овој чај

“Со овој чај навистина може да се ослабе, особено ако сте на некоја рестриктивн диета …