Почетна / Градина / Вести / Проверени рецепти за оние со срцеви проблеми

Проверени рецепти за оние со срцеви проблеми

Срцевата невроза претставува состојба во која не се откриваат физички оштетувања на срцето, а постојат поплаки од страна на пациентот. Причина за срцева невроза се сите фактори кои ја предизвикуваат и нормалната невроза.

Најголема фреквенција на случаи на оваа болест се забележува за време на пубертетот, климакс, бременоста, кај болести на хипофизата и тироидната жлезда. Веројатни фактори се и пушењето, злоупотреба на алкохол и лекови, интоксикација, неухранетост, ментална преумореност.

Растенијата кои можат да помогнат при оваа дијагноза, се дилјанка, мента, глог, мелиса и мајчина душица. Еве неколку докажани растителни рецепти, од кои можете да изберете за лекување на невроза:

100 г цвет со лист од глог 30 г дилјанка 40 г нане. 1 лажица од смесата се става во 250 мл врела вода. Кисне 1 час и се цеди. Се пие 3 пати на ден по 1 чашка од кафе пред јадење.

500 г мед, 500 г кора од лимони, 200 г бадемови јатки. Тие се мешаат и 1 лажица од направената мешавина се зема 3 пати на ден.

30 г дилјанка, 30 г глог, 30 г мелиса, 30 г маштерка. Растенијата се мешаат и 1 лажица од нив се става во 500 мл врела вода. Кисне 1 час и се цеди. Се пие по 1 чашка, 4 пати на ден пред јадење.

Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт!

Види

Кои се растенијата што го намалуваат шеќерот во крвта

Јаглехидратите се главен извор на гликоза, но телото може да ја произведува и складира од …