20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Протеинот кој овозможува забрзан раст

Протеинот кој овозможува забрзан раст

Растот на растенијата е проследен со многу активности од страна на компонентите наречени микротубули, и им помога во растот и формирањето на клетките.

Научниците знаат за микротубулиите веќе половина век, но дури сега пронаоѓаат што ги води во насока на растењето на растенијата.

Истражувачите од Универзитетот на Британска Колумбија тврдат дека тое е протеинот наречен „Clasp“ што во превод значи затворач. Истражувачите за списанието „Nature Communication“ велат дека протеинот постои во силна концентрација околу острите рабови на новоформираните растителни клетки.

Во растенија без овој протеин, микротубулите не се во можност да го пронајдат патот низ острите рабови на клетките, изјавува Џеф Вестенеис, ботаничар на Универзитетот во Британска Колумбија и еден од авторите на студијата.

Во лабораториски испитувања, Д-р Вестенеис и неговите колеги откриле дека овие растенија се сериозно овенати во нивниот раст. “Дали некогаш сте си помислиле дека со недостаток на еден протеин ќе завршите со овие малечки растенија?” Прашува тој. “Она што навистина го прави ова интересно во еволуцијата тоа што ни дава индиции“ Во овој случај се работи за еволутивен механизам кој овозможува на растенијата да станат големи.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …