19.04.2024
Почетна / Градина / Пронајдено кинеско растение што го уништува ракот за 40 дена?

Пронајдено кинеско растение што го уништува ракот за 40 дена?

Научниците открија дека не многу познато растение, со навистина бизарно име е убиец на ракот.

Растението било употребено кај глувците кои имале рак на панкреасот, и се покажало како успешен лек.

Познато како „thunder god vine“ или lei gong teng, ова растение се употребува во Кинеската медицина за лекување на голем број болести, вклучувајќи го и ревматоиден артритис.

Според најновите истражувања од Центарот за рак на универзитетот во Минесота, со користењето на ова растение, после 40 дена организмот не покажува никакви знаци на тумор – дури и после прекинувањето на терапијата.

Дури и научниците кои работеа на овој проект, беа вчудоневидени од ова растение кое во себе содржи соединенија кои го уништуваат ракот. Сега научниците сметаат дека lei gong teng e клучната компонента којшто ќе се бори против ракот.

Тие открија дека растението во себе содржи триптолиди, соединение кое во претходните истражувања беше идентификувано како борец против ракот. Водачот на истражувањето и потпретседател на истражувачкиот центар за ракот објасни како тој беше вчудоневиден од ефектите на ова едноставно растение:

– Овој лек има неверојатна можност да ги убие клетките на туморот – вели тој. Како и голем број други супстанци и растенија како што се куркумата и ѓумбирот, науката повторно потврди нешто што традиционалните практичари на алтернативната медицина го знаеле целиот свој живот.

Причина за ова е тоа што големите корпорации немаат доволно пари за да ги истражуваат сите лековити „способности“ на природните растенија и нивните соединенија. Куркумата и ѓумбирот се неверојатни супстанци против ракот коишто се бесплатни во споредба со скапите и опасните лекови за ракот.

Како и да е, корпоративните научници ги игнорираа овие видови на растенија. Всушност, тие беа откриени неколку пати како прават лажни истражувања коишто ја покажуваа вредноста на фармацевските апчиња наметнати од страна на големите фармации, се со цел да заработат што повеќе пари. Но, иако добрата вест е тоа што ова растение е навистина ефтино, лошата вест е тоа што некои научници коишто учествуваа во истражувањето, бараат начин да направат лек од есенцијалната компонента на ова растение. Ова ќе биде лек којшто ќе го добие одобрувањето од FDA, ќе биде патентиран, ќе биде нутриционистички уништен и продаван за огромна сума на пари. Затоа, не чекајте и сами пронајдете го ова растение.

Извор: факултети.мк

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …