Почетна / Градина / Пролетни совети за градината од Горѓи Самарџиев – Градинарски центар ФОЈА

Пролетни совети за градината од Горѓи Самарџиев – Градинарски центар ФОЈА

Кога дворот доаѓа на дневен ред , а по “некоја случајност” тоа е секоја пролет, најчесто се прашуваме : Што да засадам? По кој распоред да ги посадам растенијата ? И сето тоа со желба дворот да ни биде убав ?!

Уредувањето на еден простор со растенија наспроти градежните материјали има многу предности и недостатоци . На пример: Оградата од камен еднаш се прави, убаво изгледа, многу долго трае и не бара одржување . Но нема никојпат да порасне, а уште помалку да расцвета!

Постојат повеќе едноставни решенија како зеленилото во дворот да изгледа убаво.

Во овој случај ќе Ви презентираме еден стар вообичаен зелен елемент , ниската жива ограда – бордура !

Каде се користи и каков ефект создава:

Ниската жива ограда е многу моќен декоративен елемент во пејзажното уредување. Традиционалните Англиски и Француски формални градини се втемелени на формите од ниска зимзелена жива ограда. Подигната покрај патеки, по рабовите на тревниците или по ивиците на цветните леи. Зимзелената бордура повеќекратно ги назначува, ги акцентира зелените или други површини. Затоа е важно да се одбере кој дел од дворот сакаме посебно да го истакнеме. На пример ако ја одбереме влезната патека во дворот, тогаш бордурата се подигнува симетрично од двете страни и дополнително во тој случај силно се назначуваат две фокусни точки врата на куќата, челната фасада и гледано обратно влезната порта во дворот.
Бордурата е универзална и подеднакво добро се вклопува во симетрични и во неформални природни пејзажи.

Ефектот на зелена рамка оддава впечаток на уредена , негувана градина. Леа со ружи или пак со разновидни цветни перени, `спакувана` со бордура делува аристократски. Како машна на кошула!

Некојпат се прават грешки сакајќи да сокриеме некоја подигната шахта или руина садејќи ниска бордура покрај неа, дополнително ја потенцираме и имаме спротивен ефект, наместо да ја покриеме, ја истакнуваме.

Кои видови растенија се погодни за ниска зимзелена бордура ?

Видовите на зеленика (шимшир)Buxus sempervirens , Buxus sempervirens Pumila Nana. Спорорастежни, густи, поднесуваат кроење, издржливи.

Lonicera nitida, L. (pileata), Berberis spp. Santolina spp., Pinus mugho Pumilio, Nandina firepower, Lavandula, Rozmarin и други за природна, неформална бордура, советува Горѓи Самарџиев од градинарскиот центар ФОЈА .

 

Види

Храна која доведува до предвремено стареење

Шпанскиот нутриционист Хелен де ла Фуенте Хидалго откри како да се избегне предвремено стареење. „Кога …