03.10.2024
Почетна / Градина / Пролетни растенија за убавина

Пролетни растенија за убавина

Пролетта е веќе речиси тука за да почнеме да уживаме во зеленилото. Ќе се појават и пролетните растенија. Погледнете кои од нив можат да ви бидат корисни за убавината.

Тегавецот е незаменлив помошник во итната нега на кожата. Подгответе си зовриена вода со листови од тегавец и исчистете лицето со неа.

Ако кожата ви е чувствителна или сува и надразнета многу брзо ќе заздравее.

Смесата се подготвува со тоа што 1 лажица листови се истура врз чаша врела вода, се остава да се излади и се прецедува.

Ако додадете скроб ќе добиете маска која долго ќе ве спаси од иритациите и воспаленијата на кожата. За да ја вратите свежината натопете памучна крпа и поминувајте го лицето 10 минути.

Глуварчето се смета за универзално козметичко средство за нега на кожата и косата. Ако имате сува, надразнета кожа направетеси лосион од глуварче: потопете половина чаша сецкани на ситни листови од глуварче со врела вода, оставете ја да отстои и додадете 1 лажица глицерин.

Ако кожата ви е многу сува намачкајте го лицето со растително масло пред да ја нанесете маската. Маска од ментол листови и скроб е многу погодна за чувствителна кожа.

Чај од нане е добар помошник во борбата против акни и мозолчиња. Може да се пие и да се користи како лосион за чистење на лицето.

За да го отстраните вишокот на себум на мрсната кожа пригответе ментол лосион: кон 500 мл. врела вода додадете 2 лажици мента, извадете од ринглата и додадете 4 ч.л. борен алкохол, 4 лажици невен, 1 ч.л. лимонов сок.

Види

Грижа и совети за тревникот во есен

Во есента, тревникот бара посебна грижа за да се подготви за студените месеци и за …