07.12.2023
Почетна / Градина / Вести / Производството на кравјо млеко за 3,3% помалку во однос на лани

Производството на кравјо млеко за 3,3% помалку во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2019 година изнесува 390 903 илјади литри што е за 3,3% помалку во однос на 2018 година.

Намалување на производството во 2019 година е забележано и кај овчото млеко за 4.0% и кај козјото млеко за 26.2% во однос на претходната година.

Вкупното производство на месо е зголемено за 0.4%, а производството на свинско месо е зголемено за 3.5% во однос на претходната година. Производството на другите видови месо во однос на претходната година е намалено.

Од другите добиточни производи, во 2019, во однос на 2018 година, забележано е намалено производство на јајца и на волна.

Види

Дуњата е симбол на среќа и љубов – Таа е витаминска бомба што има многу лековити својства

Дуњата (Cydonia oblonga) е единствениот вид од родот Cydonia. Таа е дрво, високо од 4 …