Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2016 година изнесува 403044 илјади литри што е за 11.6% повеќе во однос на 2015 година.
Зголемување на производството во 2016 година е забележано кај овчото млеко за 0.8% и кај козјото млеко за 24.2% во однос на претходната година.
Вкупното производство на месо е зголемено за 2.7%, а производството на свинско месо е во пораст од 18.1% во однос на претходната година. Производството на другите видови месо, во однос на претходната година, е намалено.
Од другите добиточни производи, во 2016, во однос на 2015 година, забележано е намалено производство на волна и намалено производство на јајца.