05.07.2022
Почетна / Градина / Вести / Производство на вино во домашни услови

Производство на вино во домашни услови

Отстранувањето на суспендираните честички од виното, со додавање средства од органска или од минерална природа, за време на зреењето се вика бистрење. Бистрење со бентонит – бентонитот е глина, која во вода бабри и формира млечнобел раствор, кој е негативно наелектризиран. Со својот електрицитет ги врзува сите протеински материи и го стабилизира виното. Количината на бентонит најнапред ја растворуваме во вода или вино и откога ќе се направи фина суспензија, се внесува во садот со вино со силно мешање. По 7-10 дена виното се отстранува од талогот. Потребните количини на бентонит за бистрење на виното се движат од 50 до 100 гр/хл. Бистрење со белка од јајце – белката од кокошкино јајце најмногу се користи за бистрење на црвени вина. За бистрење на 100 литри вино потребно е 2-3 белки. Јајцата мора да се свежи и најнапред се одвојуват белките од жолчките. Белките се матат се до добивање на фина пена. Потоа пената од белките се растворува во помала количина на вино и откако ќе се раствори убаво се додава на виното. По додавањето, виното убаво се промешува. По 10 до 15 дена виното се отточува од талогот, кој за тоа време се формирал од белките и суспендираните честички.

Зреење на виното

За добивање на висок квалитет на виното, неопходно е да се изврши зреење на виното. Зреењето може да се изведува во дрвени буриња од 200 до 500 литри, на температура од 16 – 18°С, за време од 5 – 6 месеци. Исто така, зреењето може да се врши и во стаклени балони, при што виното зрее подолго, но затоа има помали загуби и помала оксидација.

Извор: Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, РЕ Неготино

Види

На која позиција треба да бидaт цвеќињата поставени во домот

Саксиите со цвеќе секогаш треба да бидат сместени во простории каде ќе имаат поволни услови …