20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Производство на струја преку цвеќињата и бактериите

Производство на струја преку цвеќињата и бактериите

Холандски научници тврдат дека од цвеќињата, овошјето и зеленчукот може да се произведе нова реневабилна енергија која би била идеална за осветлување на растенија. За таа цел во Универзитетот во Вагенинген во Холандија изведоа екеперимент на кровот така што во две квадратни кади сместија по 12 пластични канти со вода и кал во кои научниците растат разни растенија.

Давид Сирк познат биохемичар тврди „тука имаме растенија и бактерии кои работат заедно.

Растенијата со фотосинтеза произведуваат јаглерод и околу 40% од таа органска материја ја транспортираат во почвата каде живеат микроорганизмите, односно бактериите и мувлите. Во почвата имаме биолошка батерија. Тоа се 2 електроди, во кои растат бактериите што може да произведуваат електрицитет“ Имено сите живи суштества при согорувањето на гликозата произведуваат слаба струја. Повеќето живи суштества таа струја ја користат за управување со процесите во нивното тело. Но, бактериите се ослободуваат од тој електрицитет, кој во најголем дел оди во воздухот и се спојува со кислородот.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …