Почетна / Совети / Проектирање на градина со малку средства

Проектирање на градина со малку средства

Што и да сте наумиле за нов изглед на вашата градина, да знаете дека треба да издвоите финансиски средства околу уредувањето.

Прво што треба да направите е скица од вашиот двор заедно со куќата, патеките, оградата, цветните леи и тротоарот. Доколку овој дел ви претставува тежок елемент поради тоа што немате доволно идеи или слично, не треба да се вознемирувате, бидејќи денес на интернет можете да најдете и лесно применливи готови решенија.

Еве накратко наши совети за како би требало да ја уредите вашата градина. За патот можете да користете чакал, а доколку имате повеќе финасниски средства можете да го поплочите или користите мермер.

Избегнувајте ги мазните камења или лизгавиот мермер, поради тоа што во текот на зимата или при присуство на мразеви, постои опасност од лизгање.

Дворот може да го декорирате со евтини клупи и масички. Најголемите распродажби на мебел за градините и декоративните елементи се на крајот на летото. Убаво е да додадат саксии со цвеќиња, жардињери и фенери во градината доклку сакате да добиете попријатна атмосфера.

Исто така во овој декоративен дел може да вметнете и некоја фонтана. Фонтаната можете сами да ја направите, но може и да ја купите. Не заборавајте за неа дека ќе ви биде потребно и да купите пумпа. Во вашиот двор вистинското место за уживање, особено во летните или врнежливите периоди може да бидат и летниковците. Со нив создавате одлична романтична атмосфера. Внимавајте на покривот од летниковецот. Најпожелно е да биде поставено шиндра, со што би се избегнале топлите ефекти од сонцето и во лениковецот секогаш би ви било посвежо.

Во вашиот двор доколку немате, засадете трева. Овој елемент изгледа навистина преубав и не е воопшто скап, но сепак зависи од условите кои ќе ги понудите пред садењето.

За да го озелените поубаво дворното место, најдобро е да инвестирате во дрвја, цвеќиња и грмушки повеќегодишни кои се локални за регионот во кој живеете. Засадете малку повеќе отколку ви се потребни, затоа што следната година ќе можете да ги пополните со нови растенија. Доколку садите од семе купете го на крајот на летото. Тогаш има најголеми попусти!

Види

Создавање поволни услови за одгледување цвеќе

Цвеќето и другите украсни растенија може успешно да се одгледуваат во домот само ако им …