10.02.2025
Почетна / Градина / Вести / Продолжен рокот за аплицирање за земјоделски субвенции

Продолжен рокот за аплицирање за земјоделски субвенции

Владата, на денешната седница, го продолжила и рокот за земјоделците, за аплицирање за субвенции до 15 септември, од сегашниот рок кој истекуваше на 30 јуни. Со тоа, како што се вели во соопштението, Владата им излегува во пресрет на земјоделците кои поради необезбедени технички услови, не биле во можност да почнат со аплицирањето од 15 април годинава, соопшти Алсат.

На седницата Влада усвоила измени и дополнувања на Програмата за финанасиска поддршка во земјоделството за 2017 година, со што ќе се овозможи обештетување на земјоделците кои имаат штети од поплавите во тетовско на почетокот на јуни годинава, како и за земјоделците кои претрпеа штети од пролетните мразеви 2016 и 2017 година.

Исто така Владата донесе одлука за измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка, со што се создадени услови да отпочне исплатата на субвенциите на тутунарите за минатата реколта.

Види

Руска поларна експлозија и се заканува на Европа и на Балканот!

Според од она што можам моментално да го изјавам ја јавноста е тоа дека, според …