18.08.2022
Почетна / Градина / Вести / Пристигнува нов циклон: Еве какво време не очекува

Пристигнува нов циклон: Еве какво време не очекува

И како што и беше најавено изминатово дено-ноќе, подрачјето на Македонија беше зафатено од ЦИКЛОНСКА активност што услови врнежи во поголем дел од Македонија, локално и обилни од пороен карактер. Врнежи се уште во моментов се забележани во делови на државата. Влијанието на овој циклон се уште ќе го имаме кај нас.

Денес (четврток) променливо време во Македонија со полокализирани врнежи, повремено ќе има и подолги сончеви периоди, ќе дува умерен а понекаде и засилен западен ветер. Генерално останува топло време. Дневната температура ќе се движи од +9 до +15 степени.

Од средоземјето кон нашата територија се движи нова ЦИКЛОНСКА активност, што од петок попладне, а особено за време на викендот ќе ни донесе нов ИНТЕНЗИВЕН, влажен бран со врнежи од дожд, а врнежите ќе бидат пак локално обилни.

Извор: Денис Муховиќ

Види

За лекување на карцином помага црн боз

Црниот боз е исклучително корисно растение. Растението црн боз има кичесто жолто-бела боја и цвета …