Почетна / Градина / Животни / Пристигнаа арктичките бели волци во Скопје

Пристигнаа арктичките бели волци во Скопје

Изминатата ноќ во ЗОО Скопје пристигнаа Арктички бели волци од Чешка. Мажјакот и женката се млади единки на возраст од една година, а поради тоа што се поларни животни во текот на летото се митарат, а во зимските денови имаат сјајно и густо бело крзно.

Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Арктичките волци се познати и како поларни волци или бели волци.

Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот (нивно ловење) , туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.

Види

Запознајте го големиот цуцулест нуркач со свадбено перје на Преспанско Езеро

Запознајте се со големиот цуцулест нуркач со свадбено перје на Преспанско Езеро