12.11.2025
Почетна / Градина / Животни / Пристигнаа арктичките бели волци во Скопје

Пристигнаа арктичките бели волци во Скопје

Изминатата ноќ во ЗОО Скопје пристигнаа Арктички бели волци од Чешка. Мажјакот и женката се млади единки на возраст од една година, а поради тоа што се поларни животни во текот на летото се митарат, а во зимските денови имаат сјајно и густо бело крзно.

Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Арктичките волци се познати и како поларни волци или бели волци.

Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот (нивно ловење) , туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.

Види

Ова е најотровната змија во светот

(Oxyuranus scutellatus) е змија од семејството Аспидови. Постојат два подвидови: новогвинејски Тајпан (Ox. S. Canni) …