29.03.2024
Почетна / Градина / Животни / Природни средства против комарци и инсекти

Природни средства против комарци и инсекти

Сите го обожаваат летото, но различни инсекти може да ви расипат дел од него. Затоа препорачуваме:

– Кората од краставица содржи многу супстанции кои ги одбиваат инсектите. Ставете ја кората, како бариера во областа каде што не сакате да доаѓаат мравки.

– Ако сакате да ги одвратите мувите, засадете во саксии нане и босилек. Штом ќе намирисаат мувите ќе го избегнуваат тој простор.

– Лисјата од рузмарин одлично ги бркаат болвите. Доколку имате во градината рузмарин наберете и сомелете го.

– Ако видите дупка во која има влезови и излези на инсектите, истурајте во неа секој ден малку лимон. Сода бикарбона се меша со шеќер во прав и е добро против лебарки.

– Заштитете ги растенијата на тераса и градинарските производи со тоа што ќе измешате брашно со црн пипер, а потоа ќе го посипете на билките.

– Од комарци може да се одбраните со помош на масло од лимонска киселина или цитронела. Накапете го парчето ткаенина кое имате во план да го носите и ќе ја апсорбира. Мирисот е непријатен за комарците.

– Доколку седите на тераса може да вклучите вентилатор. Ќе има посилен протокот на воздух, а вештачкиот ветар создаден од венталаторот ќе ги брка комарците.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …