20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Природни маски за лице: Со нив кожата е далеку побезбедна, поефтина и подостапна

Природни маски за лице: Со нив кожата е далеку побезбедна, поефтина и подостапна

Понекогаш наместо да купувате различни козметички препарати, послужете се со она што веќе го имате. Природната нега на кожата е далеку побезбедна, поефтина и подостапна за употреба.

Тоа е свеж, природен и многу делотворен начин на разубабување. Природата секогаш го дава најдоброто, но ние треба да знаеме да го искористиме. Најчесто е потребно да одвоите само неколку минути и да направите хранлива маска за нега на лицето.

Пилинзи (ги отстрануваат старите клетки, ја поттикнуваат регенерацијата на кожата, ја чистат кожата и ја прават да изгледа сјајно и свежо.)

– Пола лажица палента се меша со 2 лажици јогурт за да се добие густа каша. Лицето измијте го со млака вода и нанесете го пилингот на лицето и вратот. Масирајте со кружни движења околу 5 минути. Ако имате проблематична т-зона, повеќе внимание обрнете на неа. Потоа, оставете пилингот да дејствува уште 5 минути и измијте со млака вода, убаво и детално.

– Сок од еден лимон измешајте со 2 лажици шеќер и масирајте го лицето нежно со прстите и не притискајте премногу.Пилингот правете го 2-3 минути и исплакнете со млака, па со ладна вода. Доколку имате многу осетлива кожа, не го практикувајте овој пилинг на лицето повеќе од еднаш месечно.

На нормалната кожа и е потребно пилинг еднаш неделно, на мрсна кожа два пати неделно, а на сува и осетливна кожа доволен е пилинг еднаш во две недели или еднаш месечно.

Универзална маска:
– Во една излупена и изрендана јаболка додајте 1/2 лажица јогурт, 1 голема лажица мед, а лажица овес, 1/2 лажица цимет. Гмечете со вилушка додека не добиете пире и потоа нанесете на лице. Оставете да делува 10 минути и змијте со топла, па со ладна вода.

Маска за сува кожа на лице:

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …