28.03.2024
Почетна / Градина / Лек / Природата лечи се

Природата лечи се

Се чини дека сите ние се научивме спасот и од најмалата настинка да го бараме во разни апчиња и антибиотици, но веројатно токму овој факт направи филозофијата Ифа да почне да станува се попопуларна ширум светот.

Ифа филозофијата потекнува од Нигерија, од племето Јоруба, но станува прифатена од луѓето ширум светот бидејќи се смета дека им помага да пронајдат емоционална стабилност. Тоа е всушност мудрост на природата и начин како да се усклади човечкиот живот со енергиите на природата.

Првата ставка на оваа филозофија е емоционалната стабилност која во голема мера одредува дали некој е среќен или несреќен. Би можело да се каже дека дека здравјето е емоција на душата, на духот, и за да се стекне истото, можеме да се послужиме со разни начини на спиритуално исцелување.

Според оваа филозофија, природата во својата совршеност има решение за сите човечки тешкотии, лечи со својата физичка, но и со спиритуалната сила. Во Ифи енергијата на природата се нарекува Орише и постои енергија на земјата, водата, планинните, дрвјата…

Тие се всушност божества, енергија која се манифестира во природата и исто така се дел од човековата природа. Исто така постои и Ори, како божество кое е во секој од нас и секој го гради за себе. Ори е и енергија, во физичка смисла, и е одговорен за особините кои човекот ги покажува кон другите, за изразување на неговата личност, за добриот или лош карактер, самодовербата, одговорноста или недостатокот на одговорност.

Исто така е важно да се биде во контакт со природата бидејќи ние сме дел од неа. Наједноставно е кога се чувствувате лошо или депримирано да отидете на прошетка и да ја почувствувате земјата под нозете. Со тоа и давате шанса на природата да ве излечи, се вели во оваа филозофија.

Извор: релаксирано.мк

Види

Напивката што слабее за 30 денари – се пие по една шолја секој ден

Со оваа напивка за слабеење ќе добиете резултати какви што ни во сон не сте …