Почетна / Градина / Вести / Приказна за стариот дедо и доматите

Приказна за стариот дедо и доматите

Еден дедо си живеел сам во едно село. Сакал да ги засади и оваа година неговите избрани семки за домати, но поради тоа што било потребно да изора малку од неговата градина, тоа би претставувало за него навистина тешка работа.

Неговиот син, кој претходно му помагал е во затвор. Стариот дедо напишал писмо до неговиот син во кое се вели:

Драг сине, се чувствувам многу тажно бидејќи нема да бидам во можност за ги засадам моите домати оваа година. Многу сум стар за да можам да ја ископам градината. Знам дека ако ти беше овде, заедно тоа ќе го направевме, како во старите убави времиња. Те сака, тато

Неколку денови подоцна тој добива писмо од неговиот син во кое пишувало:

Драг тато. Не ја копај градината. Таму се наоѓаат телата кои ги закопав. Те сака, твојот син

Во 4 часот наутро следното утро, полицијата дојде и започна со ископувањето за да ги најде телата. Но во градината немало ништо. Полицијата му се извинила на стариот човек и си заминала. Истиот ден дедото добил ново писмо во кое пишувало:

Драг тато. Сега можеш да ги засадиш доматите. Те сака, твојот син.

Види

Нова нестабилност со времето од денес: Еве што да очекуваме

И како што веќе знаете некоја долгорочна стабилизација која би ни донела подолг период на …