Почетна / Градина / Вести / При третман на рак на дојка помагаат брокули

При третман на рак на дојка помагаат брокули

Брокулите ги зголемуваат заштитните ензими во ткивото на градите, со што штитат од развој на рак на дојка. Досега не беше јасен механизмот на дејство на крстоцветните зеленчуци како брокула за намалување на ризикот од различни болести, вклучувајќи и рак на дојка.

Се чини дека материите содржани во брокулите, помагаат за создавањето на друга супстанција – сулфорафан, која се препишува на пациенти болни од рак. Научниците од САД од Институтот за храна открија дека супстанцата помага за одржување на здрав баланс на антиоксиданси во човечкиот организам.

За да има ефект брокулата треба да се јаде по 3 – 4 пати неделно. Ова може да помогне за забавување на растот на клетките, при што ќе го зголеми нивото на заштитните ензими во ткивата на дојката, така барем тврдат истражувачите. Еве што содржат брокулите: на прво место големи количини витамин Ц, витамин К, бета-каротин, фолна киселина и витамини од групата Б (Б1, Б2, Б3, Б6).

Богати се со микроелементи – калциум, магнезиум, железо, калциум и цинк. Со овој состав брокулите се редат не само над сите свои роднини, но и излегуваат на првите места меѓу сите хранива во светот. Многу се корисни и за сите идни мајки поради содржаните неопходни витамини и микроелементи, неопходни за идните мајки и тоа во природна форма.

Види

Министрите Николовски и Царовска потпишаа Декларација за подобар статус на руралните жени

По повод денешниот Меѓународен ден на жената од руралната средина, денеска министерот за земјоделство,шумарство и …