Почетна / Градина / Животни / Препораки за хранење на птиците

Препораки за хранење на птиците

Да претпоставиме дека многу од вас оставате на балконите сув леб се со цел да птиците со него се хранат. Тоа е секако добро намерен чин, но сепак може да биде и доста опасен.

Имено овие лебни производи не се добар избор за хранење на птиците, а исто така може да бидат доста опасни.

Лебот не е добар за птиците. Замислете ги само што ќе се случи доколку малите деца ги носиме во Мекдоналдс секој ден!? Дали тоа би било доволно како хранлива вредност? Истото се случува и со птиците.

Во овој период од годината птиците имаат потреба од липиди и масти за снабдување на своите енергетски потреби. А тоа го нема само во лебот! Исто така многу грешат оставајќи мувлосан леб на балконот. Мувлосаниот леб може да биде и смртоносен за многу од птиците.

Затоа доколку сакате да ги храните птиците, препорачуваме храна која ќе ги задоволи нивните потреби. Птиците сакаат семиња, ореви, плодови, инсекти и затоа најдобро е да се направи смеса која ќе биде мешавина од нив. Можете да ги измешате со свинска маст (сало) и ставите набиено во мала вреќичка со отвори, од која ќе јадат птиците. Закачете ги со јаженце на горниот дел така што топките ќе висат и птиците ќе можат да стојат на нив и ќе се хранат.

Види

Погледнете една од најлуксузните куќички за птици – чини 4000 долари

Класа Олсон се потрудил да создаде вистинска куќа на соништата, при што создал идеални услови …