Почетна / Градина / Вести / Предности од GPS механичкото садење на растенија

Предности од GPS механичкото садење на растенија

GPS технологијата го најде своето место и во земјоделието.

Имено, научниците открија технологија на користење GPS уредот при процесот на механичко садење. Постојат голем број на предности при употребата на оваа технологија, меѓу кои:

• Совршени растенија/усогласување во редослед – Ова овозможува механизација при плевењето и вадењето, резултираќи во помала потреба од човечка рака

• Дрво/гранка на развој -Точното растојание помеѓу секое дрво значи дека секое дрво при неговиот раст ќе биде еднакво на другото, овозможувајќи исти услови за секое дрво. Доколку дрвата не се насадени во ист редослед, односно на исто растојание, гранките на секое дрво можат да се испреплетат резултирајќи во оштетување на родот. Тоа значи дека оние дрва со повеќе гранки ќе имаат помалку овошје, што автоматски ќе го намали приходот.

• Помало оштетување на растенијата – Механичкото садење значи помало оштетување на растенијата, што значи помал процент на загуби.

• Супериорен развој на корените – Кога садењето е водено преку GPS уредите, машината отвора длабок ров во почвата, прецизно под местото каде растението треба да биде засадено. Ова овозможува добар развој на корените, бидејќи самите корени најдуваат слободен простор во самиот ров. Исто така, тоа овозможува и побрзо растење и подобра исхрана, а од тука и подобра жетва.

• Поголема брзина на садење – Поголемата брзина на садење овозможува подобро утврдување на насадите и поскоро завршување на бербата, резултирајќи во побрзи приходи и повраток на вложеното.

• Помала потреба од работна сила – Пониската потреба од работна сила овозможува процесот на садење да биде комплетиран побрзо со помалку човечки грешки.

И покрај сите предности на GPS технологијата, доста важно е дека таа е доста скапа за сечија употреба. Поради високата цена за жал сеуште е рано да се каже дека иде на голема врата и кај нашите земјоделци.

 

Види

Конзумирањето праски и сливи штитат од прекумерна тежина

Праскиte (особено нектарините) имаат биоактивни состојки, кои можат да нe заштитат од прекумерната тежина и …