Почетна / Градина / Вести / Пред да згмечите некоја лебарка, еве што треба прво да размислите

Пред да згмечите некоја лебарка, еве што треба прво да размислите

Пред да згмечите некоја лебарка, прво размислете! Лебарките се можеби најомразените живите суштества кои живеат во ужасни антисанитарни услови, но всушност се корисни за рамнотежата на земјиниот екосистем!

Професор по биологија од Универзитетот во Тексас, суперспециалист за лебарки, мисли дека тие играат огромна улога во преработката на азот.

Главен производ во менито на лебарки е распадната органска маса. Таа содржи огромно количество азот.

Инсектите ја апсорбираат и преработуваат, по што испуштаат “остатоци” во почвата. Збогатената на тој начин почва може да храни различни растенија.

Професор Камхампати е убеден дека ако лебарките исчезнат, нема да се спроведува овој дел од ековеригата и тоа ќе има негативен ефект врз функционалните квалитети на почвата. Тоа ќе влијае на растенијата, па оттука – на следните “скали” од флората и фауната. Друга важна работа е дека лебарките кои се околу 10 илјади видови, се важен извор за исхрана на птиците. Бидејќи тие од своја страна се храна за големи цицачи, дефицитот ќе се одрази и кај нив. Така чекор по чекор е неизбежно да се увиди и фактот дека сето тоа доаѓа и до човекот. Да зависиш од лебарки, каква иронија на природата!

Види

Додека возел на патот помислил дека има лежечки полицаец, но кога се доближил погледнете што здогледал

Возач во Лимпопо во Јужна Африка застанал на пат кога здогледал нешто што личело на …