Почетна / Градина / Правилна употреба на минералните ѓубриња

Правилна употреба на минералните ѓубриња

Складирање на минерални ѓубриња

– Ѓубрињата треба да се чуваат во оригиналните пакувања и во услови кои се потребни за нивно складирање, а се пропишани во Правилникот за ѓубриња и

упатствата од производителот.

-Треба да има воздушна оддалеченост од градби каде се чуваат производи за заштита на растенијата и ѓубриња, за да се спречи контаминација помеѓу ѓубрињата и производите за заштита на растенијата;

– Ѓубрињата не се чуваат со семенски и саден материјал;

– Заштита од влага на местата за складирање; тие треба да бидат добро проветрени и да бидат изолирани од дожд и кондензација. Покриениот простор да биде соодветен за заштита на сите неоргански ѓубриња, т.е. прашок, гранули или течности, од атмосферски влијанија, како на пример сончева светлина, мраз и дожд.

– Ѓубрињата треба да се чуваат на места оддалечени од свежи производи, расадници, храна за животни и храна за човечко конзумирање.

Несакани последици од ѓубрењето

– Доколку не се почитуваат правилата за транспорт, складирање и примена на ѓубрињата, се појавува губење на хранливи материи од почвата како резултат на филтрација, ерозија и површинско испирање или емисии во воздухот.

– Загадувањето на околината со тешки метали кои ги содржат ѓубрињата – Cl, Cd, Pb, Zn, Co, As, итн. Употребата на комунален и индустриски отпад како и ѓубриња кои содржат несакани елементи.

– Примената на ѓубрињата во земјоделството мора да се извршува според одредбите на Законот за ѓубриња.

Извор: Петар Трајковски, Советник во АПРЗ, за Зелена Берза

Види

Четири растенија кои ако ги одгледувате дома, никогаш нема да имате комарци

Ако не ги сакате комарците да ги уништат топлите летни ноќи, тогаш во градината, на …