20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Праската го продолжува животот на човекот

Праската го продолжува животот на човекот

Уште во далечниот десетти век, Кинезите знаеле за придобивките од праските за човековото здравје и не случајно се верува дека праските го продолжуваат човечкиот живот.

Во денешно време со развојот на науката е веќе докажано дека овие плодови имаат благотворно влијание врз човечкиот организам. Праските го продолжуваат човечкиот живот – тоа е верување на Кинезите.

Праските содржат многу витамини и минерали, но содржината на калиум е причината Кинезите да веруваат во чудесната сила.

Недостатокот на калиум во нашето тело може да доведе до многу сериозни проблеми како стрес, напнатост, слабост во телото.

Недостатокот на калиум се одразува на кожата, меморијата слабее, но најважните проблеми кои се јавуваат во отсуство на калиум се поврзани со функционирањето на срцето.

Ако земате лекови за намалување на крвниот притисок, тоа доведува до ограничување на калиум во организмот и до сериозни здравствени проблеми. Калиумот во праските помага за регулирање на крвниот притисок. Преку нив се обезбедуваат 332 мг калиум. Праските содржат големо количество витамини – во една голема праска има 1.4 мг ниацин или 14% од дневната вредност на витамин Б3.

Ниацинот игра улога во енергетскиот метаболизам на телото. Праските се со висока содржина на витамин Ц – 11,6 мг или 19% од дневната доза. Витаминот Ц е важен антиоксидант и хранливи елементи, кој придонесе за подобрување на имунолошкиот систем, но не и за одржување на здрави зглобови. Праските се корисни за кожата, бидејќи содржат витамин Ц – Витаминот Ц се смета за важен витамин на кожата, а исто така тој е и анти-оксидант кои помага при лекувањето на ракот на кожата, помага во борбата со белите крвни клетки. Витаминот Ц треба да се зема редовно, ако сакаме да имаме здрава кожа. Праските можат да придонесат за лечење на многу болести и особено за лекување и превенција на ракот и проблемите поврзани со функционирањето на срцето. Праските содржат ликопен и лутеин, кои помагаат за зголемување на видот.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …