26.04.2025
Почетна / Градина / Прашумите сепак отпорни на глобалното затоплување

Прашумите сепак отпорни на глобалното затоплување

Шансите прашумите во овој век да ја загубат својата биомаса, односно растителниот фонд поради ефектот на глобалното затоплување се помали отколку што се мислеше порано. Тропските шуми играат важна улога во светскиот климатски систем, бидејќи тие апсорбираат јаглероден диоксид кој го користат за развој на лисјата, гранките и корењата. Се проценува дека во нивната биомаса и почвата апсорбираат околу 470 милијарди тони на јаглерод, а дел се враќа во атмосферата кога растенијата ке изгнијат или изгорат.

Затоплувањето предизвикува суши и пожари кои можат да ги уништат дрвјата, но проценките за тоа колкав дел на шумска покривка може на тој начин да ја изгуби поради глобалното затоплување се разликуваат. Според проценката на британските научници од 2009 година година, 20% до 40% од амазонските прашуми би можеле да исчезнат во наредните сто години ако просечната температура се зголеми за 2°C, а во случај на зголемување на 4°C, што е малку веројатно, ќе исчезнат околу 85% отсто од дождовните шуми.

Истражувањето од минатиот месец покажува дека амазонските прашуми се помалку осетливи и поради тоа што јаглеродниот диоксид делува како еден вид на ѓубриво. Во ова истражување научниците и тропските екологисти од Велика Британија, САД, Австралија и Бразил користеле компјутерски симулации врз основа на 22 климатски модели за да ги проучуваат реакциите на прашумите во Америка, Африка и Азија поради порастот на температурата во светот. Губењето на прашумите е утврдено само во еден случај во Централна Америка и Амазон.

Заклучивме дека постојат докази за отпорноста на прашумите во Америка, Африка и Азија, изјавил водечкиот истражувач Крис Хунтингфорд од британскиот Центар за екологија и хидрологија. Сепак, се уште постојат нејаснотии за тоа како екосистемите реагираат на глобалното затоплување.

Извор: weather4all.com

Види

Потхранување на растенијата

Доволно ли е ѓубривото за да се обезбеди нормално хранење на растенијата? Не треба да …