25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Повторно промена на временската прогноза: Погледнете какво време не очекува наредниот период

Повторно промена на временската прогноза: Погледнете какво време не очекува наредниот период

НАД МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ РЕЛАТИВНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ КОИ ПОНЕКАДЕ ЌЕ ДОСТИГНАТ И ДО +30 С.

НО ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД НЕМА ЦЕЛОСНА НИТУ ПА ДОЛГОТРАЈНА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА. ПА ТАКА КОН КРАЈОТ НА ВЕЌЕ ТЕКОВНАТА СЕДМИЦА ОЧЕКУВАМЕ НОВИ ДОПОЛНИТЕЛНО ПОГОЛЕМИ УСЛОВИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО.

МОЖНИ ЛОКАЛНО И ПОИНТЕНЗИВНИ АТМОСФЕРСКИ ПРОЦЕСИ ПОСЛЕ ПЕТОК.

Под влијание на релативно топла воздушна маса од југ, во Македонија веќе пораст на дневните температури кои особено најчуствителни се во нашите најтопли југоисточни краишта од државата и каде дневниот температурен максимум се бори со сила да се искачи и до +30 С.

Меѓутоа и покрај овој прилив на потопол воздух, сведоци сме на тоа дека и атмосферата не е речиси 100% стабилна низ одредени делови на Македонија, па така нашето подрачје се наоѓа и под влијание на циклонски систем со што придонесува над нашето подневје да кружат средоземни облаци кои локално се исполнети со влага. Но што се однесува до временската состојба за утрешниот ден (вторник) ние ги имсме следните податоци.

Утре (вторник) па речиси и ништо поразличен ден за разлика од денешниот. Ќе преовладува променливо облачно со повремени и сончеви периоди и релативно топло. Меѓутоа во попладневните часови повторно во одредени делови на земјава ќе се развива локален развој на нестабилна облачност која локално и понекаде ќе услови пороен дожд и грмежи, на оние места каде што ќе се појават овие нестабилни процеси таму и ветерот ќе засилува на интензитет. Ќе дува умерен, а понекаде и повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Во поглед на температурите тие речиси и нема да бележат значајна промена во однос на денешната што ја имавме.

Денот (среда) делува како најстабилен метеоролошки за Македонија, но сепак и натаму нека не биде изненадување доколку се појави понекаде краткотрајна и сосема локална попладневна нестабипност. Но генерално гледано за глобално ниво на Македонија во добар дел од државата ќе биде стабилно. Дневниот температурен максимум за Македонија ќе се искачи и до околу +31 степен.

Според моменталните изгледи на повеќето метеоролошки карти, кон крајот на веќе тековната седмица очекуваме повторно нова дополнителна дестабилизација на атмосферата или поточно кажано на времето. Па така од четврток попладне, а особено од петок како и за време на следниот викенд би требало да потпаднеме под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса од средоземјето, што на повеќе места низ земјава би условило нестабилност со пороен дожд и грмежи како и засилен ветер. Ако ништо битно не се промени до тогаш на метео прогнозистичките модели локално нема да ја исклучиме и можноста и за појавата на локално НЕВРЕМЕ со град и силен ветер. А кон крајот на неделата се очекува исто така да имаме и пад на температурите за неколку степени. Како и да е пред нас е топол но доста променлив период, каде целосна и некоја долготрајна стабилизација на времето барем засега и од сега гледано нема на видик. Нови прогнози и детали секако во следните наши метео извештаи. Имајте убава и пријатна вечер.

Временската прогноза ја подготви: Denis Muhovic

Види

Колку ветерот може да биде од корист?

Ветрот е движење на воздухот од подрачје со висок притисок кон подрачје со низок притисок. …