02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Поврзаност на градинарството со јогата

Поврзаност на градинарството со јогата

Дали знаете дека јогата е тесно поврзана и со градинарството. Всушност доколку се применува во градинарството дава одлични резултати.

Кога градинарите или кога вежбате јога, потребно е да обрнувате внимание на тоа што го правите.

Фокусирањето во градината ви овозможува еден вид комуникација помеѓу себе, природата и самите растенија.

Тоа ви дава одреден мир и спокој. Фокусриањето во одредени растенија или грмушки дава хармонија на душата и делува доста смирувачки.

Многу битен елемент во јогата е дишењето. Доколки истото го спроведете во градините ќе го осетите мирисот на секое растение околу вас. Ќе уживате во вежбите дишејќи го и чувствувајќи го мирисот од листовите на зеленчукот, посебно доматите, па се до разните видови на билки. Тие ви даваат свеж кислород кои го хранат вашето тело, ум и дух.

Друг многу важен елемент кои го делат јогата и градинарството е трпението. Трпението претставува еден клучните работи во јогата. Трпението за да се добие плод од овошните дрвја, како и чекањето за цветањето на сезонските растенија во градината, претставуваат вистински примери за тоа. Одредени растенија ги садиме во есен за конечно ги дочекаме во пролет.

И на крајот останува да ви препорачаме да одгледувате сопствена градина и вежбате јога.

Види

Кактус Selenicereus – Кралица на ноќтa

Кралицата на ноќта раѓа црвени плодови што се сметаат за вистински деликатес. Интересното име потекнува …