24.04.2024
Почетна / Градина / После четири години, деновиве започнува постапката за надградба на радарскиот систем  во Ѓуриште  

После четири години, деновиве започнува постапката за надградба на радарскиот систем  во Ѓуриште  

После четири години деновиве започнува постапката за поправка и надградба на радарскиот систем во Ѓуриште, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната работна средба со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Ивица Тодоровски. Функционирањето на овој радарски систем е од исклучително значење за детектирање и следење на облачните маси кои предизвикуваат големи временски непогоди.

При посетата на УХМР, беа презентирани новите модели и проекти на Управата, кои ќе овозможат добивање на прецизни и навремени информации за временските услови, на граѓаните и на земјоделците.

Пред два месеци во УХМР е инсталиран новиот NMM-E модел за прогноза на времето, каде што преку него се радарски се следат конективните облачни маси , како и детектирање облачните маси од снимките добиени од европскиот метеролошки сателит. Со цел да се подобри комуникацијата и размената на информации пред неколку дена започна да функционира новата интернет мрежа воспоставена преку оптичка интернет врска.

Министерот Николовски посочи дека следењето и добивањето на точни и навремени информации за временските услови се потребни, со цел граѓаните да бидат навреме информирани, а земјоделците да добиваат навремени информации кои се важни за преземање на соодветни агротехнички мерки.

„Мораме да бидеме фокусирани на справување со негативните влијанија од климатските промени. Климатските промени се нешто што не можеме да го решиме со една политика. Потребен е цел сет на мерки и политики ,се со цел да ги адаптираме и нашите политики на справување климатските промени, а   со цел земјоделците да добиваат навремени информации и да можат навреме да ги применуваат агротехничките мерки. Започнавме со реновирање на неколку метеорлошки станици, завршени реновирањата на станиците во  Крива Паланка и во Штип, оваа недела завршува реконструкцијата во Демир Капија. Во најскоро време започнува постапката за надградба на радарскиот систем во Ѓуриште“, изјави министерот Николовски.

Директорот на УХМР, Ивица Тодоровски, изјави дека УХМР надградбата на радарскиот систем чини Ѓуриште чини три милиони денари, а дека се работи и на други проекти со поддршка од меѓународните партнери.

„Освен тековните проекти работиме  на спроведување и на други проекти. Моментално со поддршка на УНДП направивме реставрација на сливот на река Струмица и намалување на ранливоста од поплави во полошкиот регион, а со германското здружение ГИЗ работиме на воспоставување на систем од рано предупредување на поплави во сливот на реката Црн Дрим“, изјави Тодоровски.

Министерот Николовски, информираше дека во следниот период заедно со меѓународните партнери ќе продолжат инвестициите во нови агрометеоролошки станици во земјава, а дека од денеска на системот се вклучени уште три хидролошки станици во регионот на Струмица.

Дополнително во насока на справување со негативните влијание од климатските промени, политиките на МЗШВ се во насока на воведување на современа градобијна заштита, како и воспоставување на нов модел на осигурување на земјоделството производство.

На новинарско прашање во врска со откупот на пролетната зелка, министерот Николовски посочи дека се прават максимални напори за извоз на зелката, односно дека течат преговорите со Русија и со Украина, а паралелно испратен е допис и до дипломатските претставништва на Република Македонија.

 

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …