Почетна / Градина / Посејте ароматични и зачински растенија за зимата која доаѓа

Посејте ароматични и зачински растенија за зимата која доаѓа

Бидете вредни и прктични и во текот на зимата. Посејте ароматични билни во стакленикот во градината или пак во саксии. За одгледување на зачински растенија во топла градина погодни се растенијата со дрвенести стебла.

Тие убаво изгледаат во саксијата, не растат високо, а сепак имаат јака арома. Основен услов за нивно одгледување е да им се обезбедат услови за раст и развој, приблизно исти како природните во јужните краишта.

Овие растенија бараат доволно топлина, светлост, влага и хранлива почва. Водете сметка билните да не ги ставите на сенка, односно да не останат без светлина. Саксиите ставете ги на светол шљунак или на бел картон, а тлото прекријте го со ситен бел шљунак.

Најдобро е да ги ставите на полица бидејќи на земја секогаш има помалку светлина. Саксиите често вртете ги за да не се искриват растенијата во постојаната потрага по светлина. Полевајте ги само преку ден и тоа тогаш кога е топло. Во текот на зимата влажната земја на билките им штети и затоа избегнувајте често полевање.

Во природата овие растенија растат на суво и често на темно место и затоа немојте во саксиите да ставате хумусна почва, туку напротив, наполнете ги со сува земја или со мешавина од земја, песок и глинен гранулат. Пресадете ги дури напролет откако растенијата во текот на зимата добро ќе се вкоренат.

Види

Календар за Ноември во градинарството

За да се уништат презимните форми на црвите и другите видови од Лепидоптера, потребно е …