29.03.2024
Почетна / Градина / Посадете црешa: Ќе ја разубавува градината со цветовите во пролет и ќе ви дава вкусни плодови во текот на летото

Посадете црешa: Ќе ја разубавува градината со цветовите во пролет и ќе ви дава вкусни плодови во текот на летото

Црешата е позната уште од праисторијата, кога за неа знаеле луѓето од бронзеното време, поточно 2000 години п.н.е. Во VIII век п.н.е. црешата веќе била припитомена и луѓето ги користеле нејзините плодови. Се смета дека првите цреши биле огледувани на територијата на Мала Азија и Грција. Покрај тоа што се користи во човековата исхрана, плодовите ги јадат и животните и на тој начин придонесуваат за размножувањето на црешата во природата.

Садниците од различните овошни видови може да се садат во текот на целиот период на мирување на вегетацијата, односно од опаѓање на листовите наесен сè до потерување на пупките во следната пролет. За правилно садење, како и набавка на квалитетни садници можете да ги контактирате градинарскиот центар ФОЈА.

Инаку црешата е особено корисна против болестите на бубрезите и другите уринарни органи, снажен борец е против хипертензијата, а се користи и како моќен диуретик. Според познавачите на народната медицина, црешата е одлична за концентрација, помнење, како и физичка и ментална исцрпеност. Оосбено е делотворна кај лицата што патат од ревма, па затоа лекарите препорачуваат луѓето кој имаат проблеми со ревма и други болести на зглобовите секојдневно да пијат по три чаши свежо исцеден сок од цреша.

Црешата според истражувањата го намалува количеството на мочна киселина и ги смирува воспаленијата. Антицијанидите кој ги има кај црешата се одличен извор за козметички ефект кај жените. Тие ги уништуваат штетните ензими кои се наоѓаат во кожата и со тоа го спречуваат настанувањето на целулитот, го затегнуваат сврзното ткиво, а и штитат од карцином.

Посадете цреша, нема да зажалите. Овој период од годината е одличен за садење. Ќе ја разубавува градината со цветовите во пролет, и ќе ви дава вкусни плодови во текот на летото.

Двегодишни садници по цена од 200 ден, но и други овошни дрвца во моментов можете да ги најдете во градинарскиот центар ФОЈА.

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …