29.03.2024
Почетна / Градина / Популарната Photinia почна да го покажува својот сјај и колоритност

Популарната Photinia почна да го покажува својот сјај и колоритност

Фотинијата „Photinia“ е популарна зимзелена грмушка со светли зелени лисја, а додека се млади пуштаат црвени ливчиња. Најпознат е “Црвениот Робин”, кој често се сади како грмушка или во вид на украсно дрво.

Кај нас можете да ја најдете и купите од расадникот Хорти Експерт МК.

Таа може да расте во повеќето почви, дури и глина, меѓутоа на добро изгниена компос или ѓубриво. Повеќето видови може да толерираат кисели или алкални услови, но „Ph.beauverdiana“ и „Ph.villosa“ не се снаоѓаат добро во варовита почва.

Фотиниите не бараат многу големо градинарско одгледување, но затоа во текот на пролетта и есента бара кастрење за да се задржи формата на растенијата. Доколку се сади за жива ограда, може да се кастри и до три пати во годината. Така се повеќе се згусува и ќе испушта црвени пупки и ливчиња.

Бројни хибриди и сорти се достапни денес, но сепак се користат неколку сорти за неверојатните светло црвени млади листови во пролет и лето. Најмногу се садат „Ph. fraseri“, „Red Robin“, “Ph. Kasini”, „Photinia Redstart“

Некои сорти на Фотинијата се токсични и се должи на присуството на цијаногени гликозиди.Тие го блокираат клеточното дишење.

Погледнете неколку убави примероци од ова растение во расадникот Хорти Експерт МК

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …