18.04.2024
Почетна / Градина / Полица која сама напојува цвеќиња

Полица која сама напојува цвеќиња

Нов љубопитен изум направија Холанѓани – полица, која сама ги напојува цвеќињата, поставени на неа. Ова се случува на принципот на гравитацијата, без употреба на електрична енергија, соопштува The Daily Mail.

Новиот производ го носи брендот “Pikaplant”. Металното пано е опремено со стаклен резервоар. Тој мора да се дополнува еднаш месечно со неколку литри вода.

Тоа тече по принципот на гравитација во скриени цевки до влошки со капилари, распоредени на секоја полица. Саксиите поставени на подлошките, сами „пијат” од влагата преку корените на принципот на капиларното процедување.

Според конструкторите на полицата, таа го имитира природниот циклус на почвената вода. Така растенијата добиваат вода колку што им е потребно.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …