28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Полиподиум

Полиподиум

Полиподиумот (Polypodium) потекнува од семејството Папрати (Pteridaceae) и тоа од од тропските региони на Јужна Америка.

Полиподиумот претставува украсно растение кое достигнува височина од 50 до 60 см.

Се смета дека во историјата постоеле над 1000 видови папрати, но во моментот во науката се познати околу 100тина видови.

Најпопуларните папрати кои се одгледуваат дома како саскиски цвеќиња се Polypodium Аureum, Polypodium Polycarpon и Polypodium Pustulatum.

Овие растенија не сакаат директна сончева светлина затоа најдобро е да се чуваат на полусенка или собна светлина. Сакаат умерена температура и тоа во лето околу 25 степени, а во зима да не биде пониска од 17 степени.

Треба да има висока воздушна влажност, бидејќи не поднесува суша. Не смее да се полива претерано и да се задржува водата во саксијата. Бара да биде засадено со малку органско ѓубре, и еднаш месечно да му се додава минарално ѓубриво.

Се размножува со делење на растението во текот на пролетта. Исто така во средината на летото може да се умножи и со спори, но тоа е многу покомплициран начин.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …