29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Полевање на растенијата

Полевање на растенијата

Знак дека некое растение има потреба од напојување, е исушената почва околу неговиот корен. Никогаш не треба да се дозволува целосна суша на земјата, а исто така погрешно е и честото наводнување без каква било потреба.

Тоа се одразува особено лошо во влажни и студени временски услови, при растенија со нежен коренски систем и кај растенија, кои поминале во мирување.

Засушените саксии издаваат ѕвонливи звуци при тропање, а влажните саксии – тапи.

Општото правило е дека во текот на летото треба да се полева повеќе, а додека во доцна есен, во зима и во рана пролет – пред пладне со помалку вода. При наводнување е потребен индивидуален пристап кон растението, да се обезбеди идеална температура на воздухот и слично. Тукушто презасадените и болните растенија се наоѓаат во мирување и бараат премногу умерено и внимателно наводнување.

Потребата на растенијата од вода се определува во голем степен и од нивните карактеристики, како изградба на надземни органи, моќноста на кореновиот систем, степенот на развој и др. Кактусите на пример бараат помалку полевање отколку претставниците од сем. Арацее. Растенијата со сочни и дебели листови, како алое, агаве и др., сакаат вода во помала мера, отколку растенијата со големи листови.

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …