28.03.2024
Почетна / Градина / Погледнете како изгледаше дел од еко-акцијата “Да растеме заедно“ во градинарскиот центар ФОЈА

Погледнете како изгледаше дел од еко-акцијата “Да растеме заедно“ во градинарскиот центар ФОЈА

Градинарскиот центар ФОЈА во соработка со невладината организација “Коалиција боите на животот” и здружението “Звездички-art of living”, во саботата на 21 април, со почеток во 12 часот, организираа еколошка акција по мотото “Да растеме заедно“.

Идејата беше да се промовира заштитата на животната средина, да се иницира партиципација на младите во еколошките активности од најрана возраст, да се создаде љубов кон растенијата и природата, како животен стил, и начин на живеење.

Акцијата се одржува традиционално секоја година. На неа присуствуваат љубителите на растенијата и здравата животната средина, заедно со своите најблиски. Се садат семиња, фиданчиња, се едуцира за многу теми поврзани со растенијата и нивната улога во нашата средина.

Погледнете како изгледаше целата акција заедно со најмладите:

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …