Почетна / Градина / Погледнете го преубавиот двор на Виолета од село Бистрица (Фото)

Погледнете го преубавиот двор на Виолета од село Бистрица (Фото)

Убаво е чувството да се биде опкружен во зеленило. За среќа постојат луѓе кои со нивна помош се збогатуваат природата и убавите дворски пејсажи. Виолета Јанеска од село Бистрица, Битола е вистински пример за тоа како треба да изгледа еден двор. За дворот се грижи исклучиво таа, еден цел ден во неделата за да изгледа секогаш уредно и чисто. Таа секоја недела се грижи за косење на тревникот. чистење на тревките кои растат низ цвеќињата и прихранување. Ги наводнува секој втор ден.
Во нејзиниот двор се сместени и детски метални лулашки, за кој таа за нашата редакција изјави дека во иднина би сакала да ги замени со една убава дрвена целосна лулашка и повеќе цвеќиња во постоечките кругови наменети за цвекиња.
Од цвекиња таа има ниски и високи џунџулиња, бегонии, бонбончиња, хости, љубучици, божури, нова гвинеја, каранфилчиња. хризантеми, декоративни елки и декоративни треви.

Погледнете го нејзиното рајско катче со фотографии на следната страна:

Види

Се варосуваат и младите дрвца

Варосувањето е активност која е пожелно да се врши на сите дрвја во овошната градина, …