28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Погледнете го прекрасниот парк во Краснодар

Погледнете го прекрасниот парк во Краснодар

Се чини дека 2017 година е година на изградба на големи паркови во Русија. Само еден месец по отворањето на паркот „Зарјадје“ во Москва, уште еден град доби свој прекрасен парк. Паркот е отворен на 28 септември покрај новиот и модерен стадион во Краснодар, пишуа Руска реч.

Ова место е полно со зеленило, поделено на тематски зони, вклучувајќи сцена на отворено, видиковец, ѕид за искачување и многу други занимливости. Вкупната површина на паркот зафаќа повеќе од 22 хектари. Пешачките зони заземаат околу 8 хектари.

Во паркот има околу 25 илјади цвеќиња и 2300 дрвја. Главниот „булевар на лалињата“ е долг 618 метри. Парк и стадионот се изградени во ист стил. Ги дизајнираше

германската фирма „GMP International“.

Туристите и фудбалските навивачи веќе можат да уживаат во живописниот поглед. Работите во паркот целосно ќе бидат завршени во 2018 година. Оваа убавина е финансирана од бизнисменот Сергеј Галицки, сопственик на фудбалскиот клуб „Краснодар“ и еден од најбогатите луѓе во Русија. Благодарение на него се изградени стадионот и паркот.

 

 

 

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …