Американскиот милијардер Џеф Безос пред една година купи огромна вила за 165 милиони долари во Беверли Хилс, Лос Анџелес.
Основачот и директор на компанијата „Амазон“ стана сопственик на вилата што во 1937 година е изградена специјално за Џек Ворнер, еден од основачите на филмското студио „Ворнер брос“.
На имотот наречен Чартвел, има куќа направена во стилот на француски замок од 18 век, со гостинска куќа која има 5 спални соби, винарска визба, мебел, слики и скулптури купени на аукции.