Почетна / Градина / Подигнување нов тревник

Подигнување нов тревник

б) за подигнување на тревник употребете претходно одгледани теписи Ова е побрз но и нешто поскап начин. Во секој случај е по поволен затоа што кај повеќето фирми кај кои што може да купите ваков тревен тепих цената го вклучува и нивното поставување. Значи доколку се решите за овој начин за подигање на нов тревник за подигнување на тревникот користете готови, однапред одгледани тревни теписи. Нивната цена заедно со поставување се движи околу 3–4 €/м2 ( во зависност од видот).

  1. Негување на стариот тревник Секоја пролет (во зависност од времето во текот на март – мај) тревникот со гребло треба да се очисти од лушпите и сувата трева а доколку е потребо и да се досее. Мразот преку зиамта ќе го „извлече“ тревникот” па затоа е добро напролет да го изваљате. На опоравениот тревник добро делува и аерцијата на земјиштето.

За аерција може да направите едноставен алат. Припремете 2–3 см дебела даска со димензии од 30 х 30см. Во неа закачете 10см долги шајки така да излегуваат на другата страна. Оддалеченоста помеѓу шејките би требало да биде 2–3см. Даската со шајки прицврстете ја на дрвена рачка (најзината должина зависи од вашата висина, би требало да биде толку висока така да работите пријатно со алатот). После косењето забодувајте ги шајките во земја така што ќе стоите на даската. Извлечете ги од земја и потапката повторувајте ја по целиот тревник. Евентуално може да употребите и вила. Доколку сакате да го навадите тревникот, навадете го по аерацијата. Водата ќе достигне до таму каде што е потребна – до коренот.

Текстот е превземен од „Ботаникс“ – весник за растенија и градинарство

Види

Производство на ракија во домашни услови и недостатоци при правење

Производството на ракија во домашни услови е традиција во Македонија. Со цел да добијат квалитетна …