29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Подигнување на нов тревник

Подигнување на нов тревник

Најдобар период за подигнување на нов или досадување на стариот тревник се раната пролет или есента.

  1. подигање на нов тревник Местото на кое што сакате да го подигнете новиот тревник прекопајте го до длабочина 10–15см. Површината на земјата срамнете ја и изваљајте ја со ваљак. Понатаму имате две можности:

а) засадете го тревникот Прво измерете ја површината на која што сакате да го засадите новиот тревник. Пресметајте колку семе од трева ви е потребно, сметајте дека на 1 m2 ви е потребно 25 г семенски материјал + додадете на секои 10m2 25 г семе за евентуално досадување. При купувањето пазете семето да биде свежо затоа што семето на тревата брзо ја губи својата способност за ‚ртење (‘ртливоста на двегодишното семе е пониска од 50%). При купување посветете внимание и за тоа дали семето било добро складирано во продавницата (доколку семето е влажно или доколку некои семиња веќе ‘ртат не го купувајте. Така ќе избегнете непотребно разочарување). Цената на семето во продавниците се движи околу 3 €/кг (во зависност од видот). При купување на семето изберете вид во зависност од тоа како ќе го користите тревникот (размислете дали ќе се оди по него, дали ќе го користите за активна спортска активност или не планирате да одите по треникот или ќе го користите исклучиво за исхрана на животни). Никогаш не купувајте неозначено семе! Сериозните фирми имаат информациони флаери кои ќе ви помогнат при изборот на семе помеѓу огромните количини смешиод тревно семе. Во секоја добра продавница ваквите флаери би требало да ви ги дадат по ваше барање. Купеното семе складирајте го на суво, ладно и темно место. Не ви препорачуваме да го одложуате семето за следната година затоа што брзо ја губи својата ‘ртливост. Садете го семето „широко“, во мај (во сушна година дури во јули). Пред садењето со помош на гребло направете браздички во земјата со длабочина од 1см.. После садањето површианта изваљајте ја (со ваљак) и добро навадете ја. Семето никнува за околу 14 дена. Кога тревникот ќе достигне висина од 10 см, покосете го за прв пат. Доколку после косењето наидете на голи места можете да ги досеете. Ако сакате да добиете густ изглед, косете го тревникот до половината на септември во интервалиод 1–2 недели. Покосената трева никогаш не ја фрлајте!

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …