СЕРДОЛИК (карнеол) – има силни лековити својства. Го зајакнува здравјето, ги неутрализира болестите. Ова е универзален камен и можат да го носат сите.
САФИР – ја зајакнува неформалната власт, има скриено влијание. Ова е камен на наставниците. На оние кои сакаат нешто за себе, овој камен нема да им даде ништо. Се препорачува за оние кои страдаат од астма и невралгија.
СМАРАГД – носи среќа само на чист човек, не задолжително високообразовен. Интелигенцијата нема да ви помогне да остварите контакт со него. Каменот може многу да ви помогне, ако сте фер и со чисти помисли и чувства и не се согласувате со двојственост во животот. Може да служи како амулет за бремени жени.
ТОПАЗ – ова е камен на криминалистите и психолозите. Може да ги уништи семејните врски. Треба да сте внимателни со него. Тиркизниот – има неколку видови. Белиот е погоден за луѓе кои сакаат да одат да ризикуваат, да блефираат. Не е погоден за картоиграчите во животот. Светлосиниот е благороден и е поврзан со власта, авторитетот, правдата. Дава вештини на лидер. Зелениот е “мртов”. Наменет е за луѓе кои ги постигнале своите цели. Добар е за постари лица. Има позитивно влијание врз нервниот систем. Златниот топаз го изострува чувството за вкус. Синиот топаз ја нормализира работата на ендокриниот систем.
ХРИЗОЛИТ – камен кој дава знаење за високите закони. носи среќа во судски постапки. Поврзан е со триумфот на мирот и љубовта. Помага при настинка и заболувања и ги намалува кошмарите.
ЦИРКОНУМ – ја зајакнува личноста и вербата во себе. Не претерувајте со него.
ШПИНЕЛ (Лал) – дава среќа.
ЈАСПИС – има многу видови. Зелениот штити од болести. Жолтиот ги регулира односите со законот. Ова е камен на копнеж и инспирација.
АКВАМАРИН – Тој го подобрува видот, работата на тироидната жлезда и црниот дроб. Привезоци изработени од аквамарин се корисни при заболување на грлото.
ДИЈАМАНТ – тој се смета за машки камен и не е препорачливо младите девојки да го носат. Купувањето на дијамантски накит е најдобро да биде по 30-35 години.
За повеќе кај ДЕКО