28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Подароците на мајката природа

Подароците на мајката природа

ЖАД – главен камен со повеќе нијанси, најмногу ретко се среќава благородниот светлосин жад. Поврзан е со подмладување и внатрешна трансформација, со победата над Р почеток во човекот. Белиот жад е медицински, ја нормализира работата на бубрезите. Потемнувањето на каменот предвидува несреќа. Зборува за тоа дека вие сте непоправлив и упорни сте во своите заблуди. Тој има способност да го лекува телото и помага при заболувања на бубрезите. Во древноста жадот се користел за мазнење на брчките и за подобрување на уринарниот систем.

ОБСИДИАН – вулканско стакло. Штити од лоши дела, но не и од уроци. Ова е камен на претпазливост. Не дозволувајте да ве заведат премногу долго во неговото носење.

ОПАЛ – измамлив. Не се препорачува за постојано носење. Дури во текот на денот е добро да го менувате на прстите на кои го носите. Камен на сонувачите и води во земјата на копнежите.

ОНИКС – камен на борците и упорноста. Овозможува “со глава да се пробие ѕидот”. Се препорачува на педантните, луѓето со скрупули и целеустремените луѓе. Тој е медиативен, лековит. Не дозволува постојано носење. Помага за надминување на депресијата и ја ублажува срцевата болка.

ГОРСКИ КРИСТАЛ – помага за концентрација на вниманието и пенетрација во суштината на работите. Ја заострува мислата и зајакнува меморијата. Подобро е да се носи како ѓердан, но не и во вид на прстен. Може да се држи во џебот на панталоните или како “камен во скутот”.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …